Голем број жени се соочуваат со прекумерно опаѓање на косата, кое често се поврзува со недостаток на одредени витамини и минерали во организмот, поради што секогаш е најдобро да се побара стручна помош од лекар. Многу дами се борат со проретчената коса и тогаш има малку што може да помогне.
Без оглед на причината, губењето на косата е многу фрустрирачко и за жените и за мажите.
Лаки, како што се претставува на ТикТок, споделува приказни со своите следбеници за тоа како да имате здрава и силна коса со помош на одредени масла и третмани. Меѓу нејзините последни објави, во видеото се појави жена која има ќелав дел на предната страна на косата и слаби прамени, а Лаки го сподели својот совет за растење на нова коса, пред самата да го испроба трикот, пишува Хепи Рипаблик.
Текстот над видеото гласеше „Што всушност прави ова масло од рузмарин? Како го користите?
@ms.micelles0 Come and try this essential oil👍#hair #hairgrowth #rosemaryoil ♬ original sound – Lucky•
Дополнително, таа го додала и објаснувањето дека маслото, на кое речиси сите се колнат, ги стимулира фоликулите на косата и помага косата повторно да расте со тоа што го подобрува протокот на крв во скалпот. Таа напомена дека може да го користат и мажи и жени и дека треба да се држи намачкано на косата најмалку 3-6 часа преку ноќ.
Меѓутоа, во видеото жената користела комбинација од две масла, рузмарин и рицинус, за подобар ефект. Оваа жена ја користела разредената комбинација два пати неделно за да постигне импресивни резултати. По рутинска масажа и користење на овој производ три месеци, таа има видно пополна и поздрава коса.
Иако многумина ќе го потврдат ефектот од користењето на овој производ, бидејќи неговите корисни ефекти се широко познати на ТикТок, многумина всушност не знаат како правилно да го користат.