Реалните шоуа се како да си ставил три камери на Одделние во Бардовци, вели Тијана по учеството во Фарма и Парови

Реалните шоуа се како да си ставил три камери на Одделние во Бардовци, вели Тијана по учеството во Фарма и Парови

пред 4 години

Пејачката Тијана Дапчевиќ рече дека веќе никогаш не би влегла во некое реално шоу  по улеството во Парови и Фарма

„Тој филм нема да го гледате ни за милион години. Знаеш ли јас како ги доживувам тие реални шоуа кои моментално се емитуваат во Србија и кои се најгледаниот формат? Јас тоа го гледам како да си ставил три камери на Одделние Ц во Бардовци. Имам психолози кои го гледаат тоа и ги прашувам зошто, ми викаат како социолошки феномен. А луѓето кои ги гледаат, широките народни маси, си викаат: Види што има, јас сум супер“, вели Дапчевиќ кога гостуваше во „Бкестејџ“ каде .

Пејачката во минатото учествуваше во две реални шоуа, поточно во „Фарма“ во 2009 од каде беше исфрлена после пет дена учевство, а заедно со својот сопруг Милан Дапчевиќ го напуштија шоуто „Парови“ во 2011.

Своевремено, после исфрлањето од Фарма, пејчката за српските медиуми истакна дека никогаш не припаѓала на кланови и дека успеала во својата мисија да ги смири пејачките Цакана и Маја Николиќ. Тогаш исто така изјави дека ѝ недостигал синот и дека не успеала да се вклопи во средина каде луѓето само се расправаат.

Додека, пак, одлуката за напуштање на шоуто „Парови“ била донесена откако воочиле дека публиката повеќе не сакала да се дел од шоу-програмата и сакале таа желба да ја испочитуваат.

„Баравме од луѓето да не гласаат за нас, луѓето не гласаа за нас, изгубивме во гласањето и мислам дека е редно да си одиме дома. Само ви уживајте и понатаму, борете се, ние одиме дома, се забавувавме и за вас, сега сме врзани ко црева“, им порача таа своевремено на останатите учесници во реалното шоу.

Share
Scroll to Top