Ресторан сместен во стадион во Копенхаген избран за најдобар на светот

Ресторан сместен во стадион во Копенхаген избран за најдобар на светот

пред 4 години

Ресторан во Копенхаген сместен во рамките на стадионот „Паркен“ е прогласен за најдобар ресторан на светот за 2022 година. Ресторанот „Гераниум“ го наследи статусот на најдобар ресторан од претходниот „нома“ чиј сопственик беше тетовецот Рене Реџепи.

dobivaj vesti na viber

Овој ресторан, чии специјалитети се сезонски скандинавски јадења, има поглед на околниот парк. Беше отворен среде финансиската криза во 2010, а првите три Мишелин ѕвезди ги доби во 2016.

На церемонијата во Лондон, на второто место се најде ресторанот „Сентрал“ во Лима, а број три е „Дисфрутар“ во Барселона.

Рестораните кои вече се најдоа на оваа листа и беа прогласени за најдобри повеќе не конкурираат за наградата, па и затоа ресторанот „Нома“ не е на листата. Ретсоранот на тетовецот победуваше пет пати досега.

Share
Scroll to Top