Рецепт за лиснати полжави со ајвар и сирење

Рецепт за лиснати полжави со ајвар и сирење

пред 2 години

Состојки: 500 гр свежо лиснато тесто, 200 гр сирење, 1 јајце и 1 лажица млеко за премачкување  и ајвар.

dobivaj vesti na viber

Подготовка: Купеното свежо лиснато тесто обично е веќе распуштено, па само треба да го извадите од пакувањето. Потоа прободете го со чепкалка за заби. Премачкајте го со ајвар, ставете кришки кашкавал или изрендајте го. На крај внимателно расукајте го тестото. Со остар нож претходно натопен во брашно, тестото се сече на кругови со дебелина од два до три сантиметри. Ставете го во плех обложен со хартија за печење и погрижете се да оставите малку простор меѓу нив бидејќи тестото ќе нарасне за време на печењето. Загрејте ја рерната на 200 степени. Јајцето и една лажица млеко изматете ги убаво, па со него премачкајте ги полжавите. Ставете го плехот во загреана рерна и печете помеѓу 10 и 15 минути, додека полжавите не добијат златно жолта боја.

Share
Scroll to Top