Потребни состојки за шпагети со песто: 500 гр шпагети, 2-4 шолји свеж босилек (како замена може и спанаќ), 2-3 чешниња лук, 50 гр ореви или индиски ореви, 50 гр растопен путер, 1/2 шолја пармезан, 150 мл маслиново масло, сол и црн пипер по желба.
Начин на подготовка:
Босилекот или спанаќот убаво се мие и се става во блендер заедно со оревите и половина од маслиновото масло. Се блендира неколку секунди додека не добиете кашаста смеса. Во сосот се додаваат истолчениот лук, останатиот дел од маслиновото масло и пармезанот. Шпагетите ги варите според упатството на кесичката. Наместо шпагети, може да употребите и макарони.