Рецепт за ќофтиња од туна

Рецепт за ќофтиња од туна

пред 2 години

Состојки за ќофтиња од туна: 300 гр конзервирана туна, 200 гр крем сирењe, 200 гр рендана моцарела, 1 јајце, три лажици презла, сол, бибер, магдонос, копар.

dobivaj vesti na viber

Подготовка на ќофтињата од туна: Се матат јајцето и се додаваат крем сирењето и ренданата моцарела. Додадете ја добро исцедената туна во смесата и зачинете. Додадете ја презлата, сè убаво измешајте и формирајте топчиња со големина на ореви. Секое топче извалкајте го во презла и пржете на длабоко масло додека не порумени од сите страни. Ставете го на хартија за да се впие вишокот маснотии и послужете со сезонска салата и вашиот омилен сос.

Share
Scroll to Top