Рибар во Јадранското Море останал изненаден кога, наместо риба, од длабочина од околу 33 метри извлекол папуча. Необичната сцена била снимена, а видеото објавено во фејсбук-групата „Морем пловим и ловим“ предизвикало шеговити реакции.
Снимката била споделена со пораката дека „кумот Вјеко, познат како Гирица, имал несекојдневен улов“.
Додека ја извлекувал риболовната опрема, рибарот веројатно очекувал нешто сосема поинакво. Но, на површината се појавила стара папуча, која ја закачил на морското дно.
„Ете, и ова може да се извлече од 32, 33 метри“, коментирал тој, изненаден од предметот што завршил на јадицата.
По откачувањето, папучата повторно завршила во морето. Рибарот ја следел како тоне, додавајќи уште една забелешка:
„Нурка како подморница. Човек би помислил дека лигња нурка“.
Токму враќањето на папучата во водата предизвикало и прашања меѓу членовите на групата, кои се запрашале зошто не ја задржал и не ја отстранил од морето.
Други ја продолжиле шегата. Еден корисник ја нарекол „војничка папуча“, а друг напишал: „Остави ја, ќе порасне, мала е“.
Риболовот овојпат завршил без очекуваниот улов, но со необична приказна што рибарот и неговото друштво сигурно ќе имаат повод повторно да ја раскажат.





