Ријана според „Форбс“ стана најмлада американска милијардерка

Ријана според „Форбс“ стана најмлада американска милијардерка

пред 2 години

Пејачката Ријана се најде на 21 место на годинашната листа на „Форбс“ меѓу бројни познати лица и претприемачи и со тоа стана најмлада американска милијардерка и најбогата музичарка во светот. Покрај музичката кариера, пејачката се занимава и со мода.

Косопственичка е на козметичкиот бренд Fenty Beayty, а има отворено и линија за долна облека Savage X Fenty.

„Козметичката компанија чиј сопственик е францускиот трговец LVMH, во 2020 година оствари повеќе од 550 милиони долари приход“, напиша „Форбс“, а пејачката на тој начин оствари годишен приход од 1,7 милијадри долари нето. Ријана тогаш рече дека се чувствува уплашена.

„Сакам да ги почувствувам моите нозе на земја, затоа што знам дека тогаш нема да паднам. Не сакам да бидам ваква икона. Сакам да се сетам која сум“, рече Ријана за Extra Rachel Lindsay.

Нејзината козметика е позната по разновидноста на бојата и типовите на кожа, а инспирацијата ја наоѓа од секаде.

„Сакам да ја споделувам мојата инспирација и сакам другите да ме инспирираат мене. Сакам да ме инспирираат и моите обожаватели и луѓето кои се угледауваат на мене, а јас да се угледам на нив. Имам взаемна почит, затоа што без нив не би била овде“, рече Ријана.

Според „Форбс“, Кајли Џенер во 2019 година ја освои титулата за најмлада милијардерка, но е исфрлена од листата поради обвинувањата дека семејството ја надувале вредноста на нејзиниот бренд за козметика Kylie Cosmetics и Kylie Skin.

Таа потоа демантираше и рече дека се работи за лажна информација.

Share
Scroll to Top