Директорот на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин изјавил дека руската програма на истражување на Месечината е неколку пати поевтина од американската, но дека резултатите кои ги дава, не се ништо помалку значајни за нивните научници.
„Имаме своја програма на истражување на Месечината, која чини десет пати помалку од американската, а резултатите нема да бидат ништо помалку важни за нашите научници“, напишал директорот на руската државна вселенска корпорација, на „Телеграм“, пренесува „ТАСС“.
Рогозин налгасил дека неколку пати разговарал за истражување на Месечината со официјални лица на НАСА и американски политичари.
„Најинтересна работа е што не може јасно да се објасни зошто треба повторно да одиме на Месечината. Го прашав тогашниот директор на Американската вселенска агенција, што ќе постигнеме ако повторно слетаме на Месечината, освен тоа што ќе докажеме дека сме ја совладале технологијата која сме ја имале пред 70 години, а Џим Брајденсин, место да ми даде одговор, само длабоко воздивна“, навел Рогозин.
Шефот на Роскосмос додал дека Русија нема да учествува во ниту една трка за Месечината, додека на разбере што може да добие и по која цена.
Рогозин претходно налгасил дека милитаризацијата на истражување на Месечината и вселената е неприфатлива, а Москва во повеќе наврати истакнала дека плановите на САД и НАТО во распоредувањето на оружјето во вселената, станува сè пореална и потенцијалните конфликти во вселената би требало да спречат со изработка на заеднички правила на однесување, пишува „ТАСС“.