Затворските служно во Казнено поправниот дом во регионот Владимир, ги негираат објавите на рускиот блогер и опозиционер, Алексеј Навални, дека не добива адекватна медицинска нега.
Тие велат дека Навални ја добива неопходната медицинска нега во рамки со неговата медицинска состојба.
„Затвореникот Навални ја добива неопходната медицинска помош во согласност со неговата моментална дијагноза“, е наведено во соопштението од управата на затворот, пренесува „ТАСС“.
Навални пак денес најави штрајк со глад, жалејќи се на неадекватната грижа. Управата во затворот оценила дека со Навални се постапува во рамки на законот, кој важи исто и за другите затвореници.
„Чуварите во затворот детално ги следат работите и забележуваат дали нечии права се загрозени и водат сметка да им се обезбеди осумчасовен сон. Чуварите ги проверуваат, поминуваат покрај нивните ќелии и го мерат нарушувањето на одморот на затворениците“, е додадено во соопштението.
Лидерот на руската опозиција кој се наоѓа во затвор објави дека ќе почне со штрајк со глад и на тој чаин има намера да ја убеди затворската управа да му ја овозможи соодветната медицинска нега.
Тој оваа информација ја објави во средата на неговиот „Инстаграм“ профил, пренесува „Ројтерс“.
„Прогласувам штрајк со глад со намера дека ќе се почитува законот и дека ќе добијам доктор кој јас ќе го одберам да ме прегледа“, е наведено во коментарот под кој е потпишан Навални, а кој го објавиле неговите адвокати.
Навални издржува затворска казна од две и пол години, а неодамна на неговата интернет страница е објавено дека затворските чувари постојано го мачат и малтретираат и дека не му дозволуваат да има мирен сон.






