Русија почна да работи на спроведување на мисијата „Венера Д“, чија цел е проучување и испитување на површината на Венера.
Како што велат од Институтот за космички истражувања на Руската академија на науките, се работи за пилот-проект. Лансирањето е инаку планирано за 2029 година.
Финансиските средства за прелиминарниот дизајн ќе биде издвоени оваа година, а до 2025 година ќе бидат потребни околу 550 милиони рубли, односно 7,5 милиони долари.
Автоматската интерпланетарна станица „Венера Д“ се состои од орбитален апарат и апарат за слетување, чија задача ќе биде комплексно испитување на атмосферата на Венера, нејзината површина, внатрешната градба и плазмата што ја опкружува.
Тоа беше планирано да биде заеднички руско-американски проект, но „Роскосмос“, минатата година соопшти дека тоа бил независен национален проект.
За „Венера Д“ ќе биде употребена основна структура на советската станица за слетување, која била применета во мисиите „Венера“ и „Вега“. Во времето на СССР вкупно било изведени 10 успешни мисии на Венера.