За идеална новогодишна елка која е виоска 182 сантиметри потребни се околу 150 светилки

Сè повеќе луѓе порано ги украсуваат новогодишните елки – експертите објаснуваат зошто

пред 4 часа

Сè повеќе луѓе ширум светот ги украсуваат домовите и новогодишните елки многу порано од вообичаено, а стручњаците за ментално здравје велат дека ова може да има значајни психолошки придобивки. Традицијата на украсување постепено се менува, особено по 2020 година, кога – според многумина – раното внесување празнично светло било единствен начин да се пребродат мрачните денови на пандемијата.

„Имаше толку многу темнина и анксиозност што ги вклучив светилките затоа што ми требаа. На сите ни требаа“, изјави тогаш една жена од Охајо за Cleveland.com.

Психологот Мелиса Робинсон-Браун вели дека е сосема очекувано луѓето да сакаат порано да се препуштат на празничното расположение.

„Луѓето жеднеат за среќа и радост“, објаснува таа.

Психологот Рајан Хаус ги охрабрува граѓаните да не се чувствуваат виновни ако сакаат рано да го украсат домот.

„Престанете со осудување. Ако тоа ве прави да се чувствувате добро, ова е годината да го направите“, вели тој. „Ако сте сакале да ја започнете празничната сезона уште во август – само напред и не чувствувајте срам.“

Според експертите, раното украсување може да разбуди убави детски спомени и чувство на носталгија.

„Украсувањето може да служи како потсетник на позитивни емоции и да помогне во спречување на стресот или анксиозноста“, вели психологот Ерлангер Тарнер.

Дополнително, и мирисите играат улога во обновувањето на спомените.

„Ако некој има празничен мирис што предизвикува позитивни емоции, самото негово присуство може да го подобри расположението“, наведува психологот Ребека Лесли.

Според познавачите, раното украсување може да поттикне и радосно исчекување – да нè потсети на моменти како семејни филмови, песни, печење колачи и празнични собири.

Share
Scroll to Top