Емотивното интервју што Меган Маркл и принцот Хари го дадоа за американската водителка Опра Винфри, откри многу детали за нивниот живот во Лондон, но и темните страни од тоа да се биде член на кралското семејство. Меган отворено зборуваше за проблемите со кои се соочила откако се омажи за Хари, но и дека долго време размислувала за самоубиство, и тоа во деновите кога била бремена.
„Во овој период постојано бев цел на критики на британските таблоиди. Сакав да излезам со пријателите, од семејството ме советуваа дека е подобро да седам дома. Во четири месеци, само два пати излегов од куќата. Сите мислеа дека водам совршен живот, а мене ме замолчеа. Во еден момент сфатив дека не сакам веќе да бидам жива. Тоа беше многу јасна, реална и застрашувачка постојана мисла. Мислев дека тоа би решило сè. Како одминуваа деновита, така сè повеќе размислував да си го одземам животот“, вели таа во интервјуто.
Работите станале толку лоши за Меган што, истиот ден кога му раскажала на Хари што се случува, вечерта го придружувала својот сопруг на гала настан во Ројал Алберт Хол.
„Хари ми рече дека е подобро да останам дома, но јас бев исплашена дека може да си направам нешто нешто на себе ако остананам сама. Додека седевме во мракот само плачев, а кога ќе се запалеше светлото бев насмеана бидејќи не смеев да покажам јавно дека нешто не е во ред“, вели Маркл кај Опра.
Таа раскажува дека следниот ден нејзина пријателка ѝ испратила слика од претходната вечер, на која го држи Хари за рака пред да влезе во „Ројал Алберт хол“.
„Ми рече: Знам дека не сакаш да ги гледаш фотографиите што ги прават од вас, но прекрасна си и морав да ти ја пратрам сликата. Тоа што таа го гледаше како среќа, беше спротивно на тоа како се чувствував. Кога ја зумирав сликата, единствената работа што ја забележав е колкиу силно ме држи Хари за рака и колку му се побелени прстите од тоа што јас го стискам цврсто“, додава Меган.
Таа вели дека му се обратила и на член на кралското семејство, раскажала што ѝ се случила и побарала да добие стручна помош, но ѝ било кажано дека не може, бидејќи тоа не би било добро за имиџот на семејството. Таа вели и дека сакала да зборува со семејниот лекар или психолог, о и тоа ѝ било ускратено бидејќи, како што ѝ кажале „не си вработена во нашата фирма“.
Големи реакции во јавноста предизвика и изјавата на Меган дека постари членови на семејство неколку пати изразиле загриженост за тоа каква би можела да биде бојата на кожата на Арчи и дека ако тој е темен како неа, нема да може да добие титула ни лично обезбедување што ќе се грижи за него.
Во интервјуто Хари и Меган не кажаа кој зборувал за бојата на кожата на Арчи. Но, по емитувањето, Опра изјави дека Хари ѝ кажал дека тоа не била неговата баба, кралицата Елизабета, ни принцот Филип и дека ако има можност тоа да го сподели во јавноста, тој би сакал да се знае дека од неговите баба и дедо оод почетокот имал поддршка.
Опра Винфри даде прва изјава по интервјуто: Кралицата не ја интересираше бојата на кожата на Арчи