Салма Хајек гради куќа на хрватски остров

Салма Хајек гради куќа на хрватски остров

пред 1 година

Актерката Салма Хајек гради куќа на хрватски остров, ова во подкастот „Средин“ го откри мостарскиот архитект Амер Тановиќ, кој моментално работи на доизградба на хотелот Хилтон во Риека, како и на куќата на Салма.

„Тоа е мал остров во Хрватска, не би сакал сега да изнесувам детали, воопшто не е во ред“, открил тој и додадл дека куќата на Салма на островот е нејзиниот начин да избега од центарот на вниманието.

Тој вели дека на почетокот не ја препознал затоа што не знае како изгледаат некои актери, а работата ја добил преку неговата матична компанија во Њујорк.

„Знаат дека сум во овој дел и дека имам проекти на кои работам овде, па ме замолија да бидам нивен клиент и да го земам проектот ако можам и ако ѝ се допадне“, рекол тој.

Архитектот изјавил дека Салма е едноставна жена која ужива во Хрватска и дека не и требаат телохранители на нејзиниот остров и дека може да биде во мир со семејството и пријателите.

Актерката е во брак со францускиот бизнисмен Франсоа-Анри Пино од 2009 година, а ја имаат ќерката Валентина.

Салма се заљуби во Хрватска во 2019 година додека го снимаше филмот „Телохранителот на сопругата на убиецот“ со Рајан Рејнолдс и Семјуел Л. Џексон во Хрватска.

Share
Scroll to Top