Сара Климоска прогласена за европска ѕвезда во подем

Сара Климоска прогласена за европска ѕвезда во подем

пред 3 години

Актерката Сара Климоска, е прогласена за Европска ѕвезда во подем. Една од ѕвездните на последниот филм на Милчо Манчевски, „Врба“, наградата ќе ја добие летово во Берлин, кога ќе се доделат и наградите од Берлинале.

Климоска е добитник на наградата „Шутинг старс“, што ја доделува платформата Европска филмска промоција и таа се најде меѓу десетте најдобри актерски таленти во Европа.

Покрај неа, во потесниот избор беа и одбрани млади таленти од Германија, Франција, Холандија, Шведска, Унгарија и Ирска. Нивното претставување е закажано од 23 до 25 февруари, една недела пред почетокот на 71. Берлински филмски фестивал.

Жирито за Климоска имало само пофални зборови и вели дека таа е вистинско откритие на годината. Нејзиниот талент особено беше забележлив во најновиот филм „Лена и Владимир“ на Игор Алексов, кој треба да излезе годината.

„Шутинг старс“ е најстарата и најпрестижна иницијатива за промоција на европски таленти на меѓународниот филмски пазар. Од Македонија, оваа награда досега ја добија Лабина Митевска во 2009, Наташа Петровиќ во 2011 и Благој Веселинов во 2019.

Share
Scroll to Top