Светски познатата виолинистка Ирина Мурезану ќе одржи концерт во Скопје

Светски познатата виолинистка Ирина Мурезану ќе одржи концерт во Скопје

пред 2 години

Светски познатата виолинистка Ирина Мурезану на 2 ноември ќе одржи концерт во Скопје со камерниот оркестар Профундис. Концертот насловен „Фузија“ ќе спои два камерни оркестри од Македонија и Србија.

dobivaj vesti na viber

Мурезану свири на виолина од 450.000 евра и е лауреат и добитничка на главната награда на натпреварите за виолина во Монтреал Интернационал, Вашингтон Интернационал, Про Музицис Интернационал и наградата Кралица Елизабета 2.

Романската виолинистка со години ги освојува публиката и на критичарите со нејзините возбудливи, елегантни и искрени изведби на класичниот, романтичен и модерен репертоар. „Бостон глоуб“ ја пофали како виртуоз и уметник, а „Лос Анџелес тајмс“ напиша дека нејзиниот музички сјај, топена лирика и колоритна концепција ја прават изведбата особено восхитувачка.

Организаторите најавуваат уникатна програма, па пред македонската публика ќе се изведат дела од Б. Бритн – „Варијации на тема од Френк Бриџ” и „Романска рапсодија” бр.1 од Ж. Енеску како и популарните „Четири годишни времиња” од А. Вивалди и А. Пјацола.

Концертот почнува во 20 часот, во големата сала на Македонската филхармонија. Влезниците чинат 500 денари.

Share
Scroll to Top