Светскиот пијанист Иво Погорелиќ доаѓа во Скопје на голем концерт во Филхармонија

Светскиот пијанист Иво Погорелиќ доаѓа во Скопје на голем концерт во Филхармонија

пред 1 година

Светскиот пијанист Иво Погорелиќ, доаѓа во Скопје, да одржи голем концерт во салата на Филхармонија.  Хрватскиот пијанист на 22 април за првпат ќе настапи со камерниот оркестар АЈГА предводени од диригентката Ана Спасовска.

Во Скопје ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр.2 од Фредерик Шопен, а за неговиот начин на изведба голем број критичари и пијанисти велат дека е недостижен.

Негувајќи го култниот статус на уметникот, во 2006 година Deutsche Gramophone објави двојно ЦД со неговите интерпретации, насловено „Генијалецот Погорелиќ“.

Концертот ќе биде музичко патување со извонреден солист, од највисок светски ранг, што исклучително ретко може да се проследи воопшто на овие простори. Влезниците се пуштени во продажба на „КупиКартиЗаСе“, „МКтикетс“, „Југотон ГТЦ“ и сите книжарници на „Литература“.

Share
Scroll to Top