Потребни состојки:
500гр свинки котлети
250 гр свежи печурки
1 чешне лук
1 гранче свежа мајчина душица
50 мл бело вино
100 мл неутрална павлака за готвење
маслиново масло
сол, бибер
Начин на подготовка:
Во тава загрејте го маслото. Зачинете ги котлетите со сол и бибер и пржете ги во тавче околу три до четири минути од секоја страна за да добијат убава кафена боја. Префрлете ги во чинија и покријте ги.
За сосот од печурки, добро исчеткајте ги печурките за да се отстранат нечистотиите, но не ги мијте, па исечете ги на кришки. Загрејте ја тавата, додадете малку маслиново масло и додадете ги сечканиот лук и мајчина душица. Кога ќе замириса, додајте ги печурките и продолжете да пржите уште 10 минути додека не омекнат и ја исцедат течноста.
Месото ставете го во тавата со печурките, покријте го со вино и динстајте додека да испари алкохолот и да се намали течноста. Посолете и ставете бибер по вкус, па додајте го кремот и варете додека убаво да се соедини сосот и месото да биде готово.