„Се вратил да ги спаси децата од дискотеката, се молам Господ да им даде сила...“: срцепарателно простување од Андреј „ДНК“

„Се вратил да ги спаси децата од дискотеката, се молам Господ да им даде сила…“: срцепарателно простување од Андреј „ДНК“

пред 12 месеци

Македонскиот пејач Данијел Кајмакоски на својот Инстаграм профил се прости со колегата Андреј со емотивни зборови.

Тој на социјалните мрежи испрати емотивни зборови и изрази сочувство до семејствата на починатите.

„Не се сеќавам на толку тежок и мрачен ден. Срцето ме боли за сите загинати во пожарот во Кочани. Не знам како родителите и семејствата се справуваат со оваа страшна загуба и болка, се молам Господ да им даде сила.

Андреј, многу ми е тешко да се збогувам со тебе. Голема душа, секогаш подготвена да помогне. Се врати да ги спаси децата од дискотеката… ќе ми недостигаш неизмерно.

Изгубивме прекрасни луѓе и колеги. Андреј Ѓоргиески, Сара Пројковска, Ѓорги Ѓоргиев, Филип Стевановски, Александар Коларов. Моите мисли и молитви се со жртвите и нивните семејства“, напиша Даниел.

Share
Scroll to Top