Се жени познатиот Чак Бас од „Gossip Girl“: jа запроси девојката, па објави сцени од бајките

Се жени познатиот Чак Бас од „Gossip Girl“: jа запроси девојката, па објави сцени од бајките

пред 8 месеци






Актерот Ед Вествик, кој се прослави со улогата на Чак Бас во серијата „Gossip Girl“ („Озборувачка“), наскоро ќе се ожени.

Тој ја запроси својата девојка, актерката и модел Ејми Џексон, а обајцата објавија фотографии од запросувањето на своите профили на Инстаграм.

Ед ја запросил Ејми на скијање во Швајцарија, а таа со ентузијазам го прифатила предлогот.

Присутните ги фотографираа, а под нивните објави се редеа честитки.






Share
Scroll to Top