Најдобрата хрватска атлетичарка Бланка Влашиќ (38) се омажи за белгискиот спортски новинар, Рубен ван Гухт (35). Таа објави неколку слики од венчавката, а откри и дека до крајот на годината таа и нејзиниот сопруг го очекуваат своето прво дете.
Влашиќ, која важи и за една од најдобрите хрватски спортистки на сите времиња, кариерата ја заврши лани поради повреда на ахиловата тетива. Освои златни медали на сите големи натпреварувања, освен на Олимписките игри каде во 2008 година само еден неуспешен скок ја спречи да стигне до златото на игрите во Пекинг.