Се разведуваат Винсет Касел и 31. година помладата Тина Канаки

Се разведуваат Винсет Касел и 31. година помладата Тина Канаки

пред 2 години

Според извор на  Дејли Мејл, Винсет Касел (56) се разведува од манекенката Тина Канаки со која беше неколку години во брак.

“Тие живеат одвоено со недели. На Тина ѝ е скршено срцето”, изјавил упатен за британскиот таблоид.

Гласините за разводот почнаа уште од вчера откако Винсент на социјалната мрежа на ниту еден начин не го прослави роденденот на Тина, а манекенката честитките што ги доби од пријателите ги сподели на својот профил. Последен пат актерот лајкувал една од фотографиите на неговата сопруга на Инстаграм на 17 февруари, а таа со недели не споделува ниту една фотографија со него, иако не ги избришала старите објави.

За разлика од објавите од нивниот приватен живот, и двајцата редовно споделуваат вести од нивниот деловен живот на Инстаграм, таа фотографии од модни снимања, а тој за неговите два нови филма: The Three Musketeers: D’Artagnan и Liaison, во кои покрај него глуми Ева  Грин.

Винсент и Тина ја објавија својата врска на Инстаграм во 2016 година, кога таа имала само 19 години. Тие се венчаа две години подоцна. Двојката има ќерка Амазонија. Првата сопруга на актерот беше актерката Моника Белучи од која се разведе во 2013. Со неа има две ќерки Дева и Леони.

Share
Scroll to Top