Хадисон Ли, син на холивудскиот актер Мајкл Медсен, почина на 26 години на Хаваи. Според „Сан“, причина за смртта била прострелна рана, којашто Хадсон си ја нанел себеси. Веста за смртта на Хадисон, ја потврди и претставник на актерот во изјава за „Метро“
#Loúltimo: El hijo del actor Michael Madsen, Hudson, murió en un “presunto suicidio” a los 26 años.
Según los informes, el hijo de Michael Madsen, Hudson, murió de suicidio por un “aparente disparo autoinfligido”, según The Sun. pic.twitter.com/Ytpre0lNCR
— Oscar Salinas (@OscarSa17220243) January 25, 2022
„Нашите срца се скршени и преплавени сме со тага и болка поради загубата на Хадсон. Сеќавањето на него ќе го чуваат сите кои го познаваа и сакаа. Бараме приватност и почит во овој тежок момент. Ви благодариме“, се наведува во соопштението.
И портпаролот на одделението за судска медицина во Хонолулу, се огласи по смртта на Хадсон.
„Можам да потврдам дека 26-годишниот Хадсон Ли Медсен почина од прострелна рана во главата. Се сомневаме дека тоа е самоубиство. Тоа се случи на островот Ваху”, изјави тој.
Според медиумите, мајката на Хадсон, глумицата Деана Морган, веќе заминала на Хаваи.
Хадсон служел во Aмериканската армија, a oд неодамна живеел на Вахијава, Хаваи, со сопругата Карли. Тој служел американската војска и дека одредено време поминал на мисија во Авганистан. Кум на Хадисон беше познатиот режисер Квентин Тарантино.
Покрај него, Мајкл Медсен ги има синовите Калвин (25) и Лука (26) од сегашниот брак со актерката ДеАна Медсен, и синовите Кристијан (31) и Макс (27) со поранешната сопруга Џанин Бисињано.
Мајкл Медсен е познат по улогите во „Касапски кучиња“ (Reservoir Dogs) и дуологијата „Убиј го Бил“ (Kill Bill). Лани во ноември режисерот на „Јужен ветер“, Милош Аврамовиќ, објави дека актерот ќе ѝ се придружи на екипата во новата сезона, но сè уште не е познато дали тоа воопшто ќе се случи по ваквата трагедија.