„Секогаш последни“ на Виктор Бужаров и Жарко Јовановиќ в понеделник во домот „Билјана Беличанец“  во Кисела Вода

„Секогаш последни“ на Виктор Бужаров и Жарко Јовановиќ в понеделник во домот „Билјана Беличанец“  во Кисела Вода

пред 7 часа

Претставата на Виктор Бужаров и Жарко Јовановиќ в понеделник премиерно ќе биде одиграна во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Креирана е на принцип на интернационална соработка со Д-театар Прага, каде што Бужаров е коосновач. Заедно со Јовановиќ живееја во Прага, каде што е креирана претставата врз база на импровизации, експерименти и лични искуства.

„Виктор и Жарко отидоа до Прага да прават пост-апокалиптична, дистописка претстава. Прага ко Прага, полна со пиво и журки, малку ни ги заведе нашите порочни актери и ги однесе во една сосема поинаква насока, па од егзистенцијална драма, претставата се претвори во комедија. Се вратија назад со празни раце, на празна сцена, со потрошен хонорар, а закажана премиера. Се што им останува сега е да излезат на 18 ноември пред полна сала и да пополнат саат време претстава, како знаат и умеат. Дојдте да се смеете со нив или да им се смеете на нив“, велат од продукцијата „Златен заб“.

Претставата е реализирана преку резиденцијална мобилност поддржана од Гете институтот и Министерството за култура и туризам.

Share
Scroll to Top