Секс во тоалетот и шетање боси низ авионот: Стјуардеси и пилоти се жалат од патниците

Секс во тоалетот и шетање боси низ авионот: Стјуардеси и пилоти се жалат од патниците

пред 4 години

Пилотите и стјуардесите имаат доста стресни работни места, па можеме само да замислиме како им е кога треба да се справуваат и со некултурни патници.

Додека повеќето патници се учтиви и покажуваат почит и кон вработените, и кон другите во авионот, постојат и оние кои, едноставно, се себични. Проблемот е што ваквите патници можат да им предизвикаат проблеми не само на стјуардесите и пилотите, туку и на другите луѓе во авионот.

Имајќи го ова на ум, еден корисник на Редит ги прашал пилотите и стјуардесите што е она што најмногу им пречи во однесувањето на патниците.

Во продолжение погледнете дел од најпопуларните одговори:
Непотребни замерки кога стјуардесите доцнат
„Веројатно вие имате само еден лет во тој ден, но јас имам најмалку четири. Обично кога ние стјуардесите доцниме, тоа е поради друг лет или средување на друг авион. Имајте на ум дека имаме само 45 минути да се симнеме од едниот авион и да се качиме на другиот. Во овој мал период треба да најдеме и време за во тоалет и за јадење“.

Секс во авион
„Немојте да имате секс во тоалетот на авионот. Не, не сте тивки и да, знаеме што правите. Тоа е најодвратното место на коешто можете да имате секс бидејќи тоалетите никогаш не се чистат темелно. Очигледно е и дека нема простор – еднаш моравме итно да слетаме бидејќи еден пар се заглави во тоалетот“.

Станување од седиштето кога треба да го врзете појасот
„Кога авионот е во воздух и сијалицата за појасот е вклучена, има причина за тоа. Ако има турбуленции и вие се повредите бидејќи не го почитувате тоа правило, авионот ќе биде принуден да слета, а ова ќе влијае врз буквално сите патници“.

Оставање многу отпад
„Минатата недела гледав како возрасен маж фрлаше гуми за џвакање на подот и потоа ги газеше. Сериозно, зошто?“

Кажување дека пилотот е пијан на шега
„Пилот сум и тврдам дека шегите со пијанство се многу лоши. Ако на шега гласно изјавите дека пилотот доцни бидејќи се запил синоќа или сега е пијан, ќе треба да му го проверат нивото на алкохол“.

Менување пелени на седиштето
„Сега сè повеќе авиони имаат масичка за менување пелени во тоалетот. Па, ако треба да му ја смените пелената на вашето бебе, одете таму. Никој не треба да го трпи непријатниот мирис, особено не во толку мал простор. Покажете почит“.

Непотребни замерки кога пилотот не сака да лета во лоши временски услови
„Јас сум пилот и најлошите искуства со патниците ми се кога треба да го одложиме летот поради лоши временски услови. Во една ваква ситуација, еден патник буквално ми се развика бидејќи му доцнел летот, а тогаш беа одложени многу летови поради опасна бура. Но, тој видел на интернет дека е безбедно за летање, па почна да ми кажува како да ја работам мојата работа“.

Ракоплескање кога ќе слета авионот
„Замислете како би се чувствувале ако ви ракоплескаат секојпат кога ќе го паркирате автомобилот. Ние пилотите сме професионалци и работа ни е безбедно да го слетаме авионот. Нема потреба од ракоплескање“.

656040516

Шетање боси низ авионот
„Одвратно е кога луѓето шетаат боси во авионот, особено во тоалетот. Тоа не е воопшто хигиенски“.

Спиење со испружени нозе кон местото за минување
„Разбирам дека сакате да си ги испружите нозете за време на долг лет, но ако светлото е придушено, ова е опасно за нас стјуардесите. Сум видела многупати како колеги си кршат коски бидејќи се сопнале од испружени нозе“.

Родители кои не внимаваат на децата
„Авионите не се дизајнирани за мали деца и лесно можат да се повредат“.

„Еднаш речиси го откажевме полетувањето бидејќи едно дете си лазеше низ авионот, бидејќи мајка му не можела да го натера да седи. Можеше многу лесно да се повреди за време на полетувањето“.

Допирање на стјуардесите за да им го привлечете вниманието
„Немојте да ги допирате стјуардесите! Особено ако гледате дека разговараат со друг патник. Гледам дека ми мавтате со раката и слушам кога ми викате. Нема потреба да ме допирате кога гледате дека разговарам со некој друг, почекајте“.

Share
Scroll to Top