Селин Дион во бел фустан се врати на сцена за прв пат откако објави дека е болна (ВИДЕО)

Селин Дион во бел фустан се врати на сцена за прв пат откако објави дека е болна (ВИДЕО)

пред 4 месеци

Светската музичка ѕвезда Селин Дион се огласи на социјалните мрежи по нејзиниот историски настап кој ги расплака сите на отворањето на Олимписките игри во Париз.

„Чест ми е што настапив на церемонијата на отворањето на Париз 2024 година и многу сум среќна што се вратив во еден од моите омилени градови! Најмногу од сè, многу сум среќна што можам да ги поддржам овие неверојатни спортисти, нивната пожртвуваност и одлучност. Сите сте толку фокусирани на својот сон и без разлика на тоа дали дома ќе однесете медал или не, се надевам дека веќе со самото тоа што сте тука значи дека ви се остварил сонот! Сите треба да бидете многу горди, знаеме колку напорно работевте за да бидете најдобри од најдобрите. Останете фокусирани, моето срце е со вас“, порача Селин преку својот профил на Инстаграм.

 Селин Дион пееше од Ајфеловата кула, а ја изведе песната на француската пејачка Едит Пјаф „L’Hymne à l’amour“.

Синоќешниот настап беше прв откако таа ја објави дијагнозата на синдром на вкочанета личност во декември 2022 година и ги откажа сите најавени концерти.

Таа се појави во бел фустан на Диор до подот, со собрана коса, а очите истакнати со шминка.

 

Share
Scroll to Top