Серијата „Ginny & Georgia“ (Џини и Џорџија) штотуку го сруши рекордот на „Нетфликс“, којшто една година го држеше мегапопуларниот документарец „Tiger King“.
Досега ниту една серија толку долго не доминирала на листата на „Нетфликс“, на топ 10 серии, како што тоа го прави моментално серијата „Ginny & Georgia“.
Оваа тинејџерска хумористична драма веќе 28 дена е на врвот на листата на содржини на оваа стриминг платформа, додека пак зад неа е „Tiger King“.
„Серијата „Ginny & Georgia“ би можела да биде најпопуларната серија, која што некогаш била направена, на стриминг платформава ‘Нетфликс’, но сè уште се чекаат службените бројки од таму“, пренесува Форбс.
Листата на најгледани серии на „Нетфликс“:
1. „Ginny & Georgia“ – 28 дена
2. „Tiger King“ – 27 дена
3. „The Queen’s Gambit“ – 22 дена
4. „ Ratched“ – 15 дена
5. „The Umbrella Academy“ – 15 дена
6. „13 Reasons Why“ – 14 дена
7. „Away“ – 12 дена
8. „Unsolved Mysteries“ – 12 дена
9. „Floor is Lava“ – 12 дена
10. „The Crown“ – 11 дена
11. „The Haunting of Bly Manor“ – 11 дена
12. „Dead to Me“ – 10 дена