Синот на Бритни Спирс стави крај на бизарната теорија: „Мајка ми не е клонирана, тоа е чиста измислица“

Синот на Бритни Спирс стави крај на бизарната теорија: „Мајка ми не е клонирана, тоа е чиста измислица“

пред 1 ден

Џејден Џејмс Федерлајн, 19-годишниот син на поп-ѕвездата Бритни Спирс, јавно проговори за долгогодишната теорија на заговор според која неговата мајка наводно била клонирана, оценувајќи дека станува збор за апсурдна и целосно неоснована приказна.

За време на директен пренос на TikTok, Џејден изјави дека бил шокиран кога видел видео со повеќе од 1,2 милиони допаѓања во кое се поставува прашањето: „Дали Бритни Спирс сè уште е жива?“

„Отворам TikTok и гледам видео со 1,2 милиони лајкови, а насловот е: „Најголемата теорија досега: Дали Бритни Спирс е сè уште жива?“ Луѓе, можете да отидете на нејзиниот профил и веднаш да видите дека е жива“, рече Џејден.

Тој додаде дека ваквите објави само му покажуваат колку лесно се шират дезинформации на интернет.

„Тоа ми покажува дека многу работи во медиумите се претерани и лажни. Луѓето знаат колку другите лесно веруваат и го користат тоа во своја корист. Ако некоја објава има многу лајкови, многумина веднаш веруваат во неа без воопшто да проверат дали е вистинита“, изјави тој.

Џејден и неговиот постар брат Шон Престон (20), кои Бритни ги има од бракот со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, со години имаа нарушени односи со мајка си. Сепак, според американските медиуми, нивниот однос во последниот период значително се подобрил.

Според неофицијални информации, токму двајцата синови одиграле клучна улога во убедувањето на Бритни Спирс доброволно да замине на рехабилитација поради проблеми со зависност, откако во март годинава била уапсена поради возење под дејство на алкохол.

Извор близок до семејството тврди дека пејачката првично одолговлекувала со одлуката, но се предомислила кога нејзините синови интервенирале.

„Тие се единствените што ги слуша. Беа многу нежни и полни со љубов, но истовремено и цврсти во својата одлука“, изјавил изворот.

На почетокот на месецов Џејден и Шон дебитираа и на Париската недела на модата, каде првпат се појавија како дел од модните ревии.

Теоријата дека Бритни Спирс е клонирана кружи на интернет веќе неколку години. Дополнително внимание привлече во 2024 година, кога телевизиската ѕвезда Кристин Кавалари во својот подкаст тврдеше дека личноста што се појавува на социјалните мрежи не е вистинската Бритни Спирс.

Кавалари тогаш изјави и дека раперот Канје Вест наводно бил клониран, обвинувајќи ги за тоа „Илуминатите“ и таканаречената „кабала“, но за овие тврдења никогаш не беа понудени никакви докази.

Со својата изјава, Џејден Џејмс Федерлајн уште еднаш ги отфрли ваквите теории на заговор, порачувајќи дека неговата мајка е жива и дека голем дел од содржините што кружат на социјалните мрежи се целосно измислени.

Share
Scroll to Top