„Сите на Велосипед 2026“: Прилеп одбележува 20 години спорт, рекреација и традиција

„Сите на Велосипед 2026“: Прилеп одбележува 20 години спорт, рекреација и традиција

пред 2 часа

Општина Прилеп ја најави традиционалната рекреативна велосипедска манифестација „Сите на Велосипед ’26“, која оваа година одбележува 20-годишен јубилеј.

 

Настанот ќе се одржи на 25 мај 2026 година, со почеток на собирање од 11:00 часот, додека стартот е закажан за 12:00 часот. Локацијата на стартот е булевар „Гоце Делчев“ – пред „Реклами“.

 

Велосипедската рута ќе се движи од Прилеп до село Мало Коњари и назад, а организаторите најавуваат масовно учество на граѓани од сите возрасти.

 

Од Општина Прилеп упатија покана до семејства, деца, млади и рекреативци да се приклучат на настанот, со цел промоција на здрав начин на живот, физичка активност и заедништво.

 

„Оваа година одбележуваме значаен јубилеј – 20 години дружење, спортски дух и велосипедска традиција во нашиот град“, стои во соопштението.

Со манифестацијата, како што се наведува, се испраќа порака за поздрава животна средина и активно градење на спортската култура во Прилеп.

Share
Scroll to Top