Сите се воодушевени од порцеланската кожа на Ен Хатавеј, ова се нејзините тајни

Сите се воодушевени од порцеланската кожа на Ен Хатавеј, ова се нејзините тајни

пред 2 дена

Кога вечната муза на стилот и гламурот, Ен Хатавеј, се појави на овогодинешната Мет Гала, сите застанаа во место – воодушевени од нејзината порцеланска кожа, грациозен волумен на косата и беспрекорна комбинација од кошула и здолниште од Каролина Херера.

Но, она што остави најсилен впечаток беше нејзината сјајна, совршено негувана кожа – знак на години дисциплина и стручна грижа.

Нејзината сјајна убавина се должи на Су-Мен, познатата естетичарка на која Ен Хатавеј ѝ ја доверува нејзината нега на лицето со години. Во ексклузивно интервју, Су-Мен ги открива златните правила за добро негувана кожа – рутина што секоја жена може да ја усвои, без оглед на возраста или типот на кожа.

1. Масажа за време на чистењето – младешки ритуал
„Не прескокнувајте масажа! Само две и пол минути наутро и иста количина навечер може да ја трансформира вашата кожа“, открива Су-Ман. Таа препорачува употреба на камен од гуа ша за време на чистењето, по што ќе се нанесе тоник, серум, крем за очи и хидратантна крема – сето тоа со нежни, подигнувачки масажни движења.

2. Движењето како еликсир на младоста
„Движењето е живот“, вели Су-Ман, поранешна балерина која секојдневно практикува чигонг и таи чи, но таа нагласува дека секој вид движење што ве прави среќни – од јога до одење – придонесува и за физичка и за ментална рамнотежа, а со тоа и за изгледот на вашата кожа.

3. Комбинацијата од ексфолијација и хидратација – тајната на сјајот
„Еднаш или двапати неделно, користете нежен пилинг, потоа тоник, серум и завршете со хидратантна маска што ја оставате 15 минути“, советува Су-Ман. По маската, нанесете крем за очи и богат дневен или ноќен крем. „Негата на кожата е поважна од кога било“, искрено додава таа.

4. Не заборавајте на SPF – заштитата е клучна
„Моите клиенти кои го избегнуваат сонцето имаат беспрекорна кожа“, вели таа. Сепак, таа ја нагласува важноста на балансираното изложување на сонце – со ЗАДОЛЖИТЕЛНА дневна употреба на крем со заштитен фактор, не само на лицето, туку и на вратот, деколтето и рацете.

5. Маска наутро – моментален ефект на свежина
Заборавете на маските пред спиење. Су-Ман препорачува да ги користите наутро, бидејќи тие ѝ даваат на кожата енергија, освежување и природен сјај – совршена основа за остатокот од денот.

6. Дисциплина и доследност – без нив нема магија
„Не можете да одите во теретана еднаш месечно и да очекувате резултати – истото важи и за вашата кожа“, нагласува Су-Ман. Дневната рутина, дури и кратката, е вистинскиот клуч за долготрајна убавина.

Share
Scroll to Top