„Скопје, слатко мое Скопје…“ СЕНИДАХ СО ЕМОТИВНО ВИДЕО им се обрати на македонските фанови

„Скопје, слатко мое Скопје…“ СЕНИДАХ СО ЕМОТИВНО ВИДЕО им се обрати на македонските фанови

пред 3 часа

Скопје, слатко мое Скопје… На 14 февруари се гледаме во арената Јане Сандански… Ајде, ве бакнувам, се гледаме… едвај чекам“, порачува Сенидах во видеообраќањето упатено до македонските фанови, а со кое го најави својот прв солистички концерт во главниот град.

 

Препознатлива по уникатниот музички израз и неодоливата балканска емоција, Сенидах со години цврсто стои на тронот на современата регионална музичка сцена. Нејзиниот сценски настап секогаш носи силна визуелна и аудио порака, а низата хитови со милионски прегледи и соработките со најголемите имиња од регионот ја позиционираат меѓу најавтентичните и највлијателни артисти на денешницата.

 

Концертот во Скопје, кој ќе се одржи на 14 февруари во СЦ „Јане Сандански“, е во организација на SKYMUSIC продукција, а публиката може да очекува спектакл од највисок ранг – врвна продукција, моќен звук, впечатлив сценски дизајн и бројни музички и визуелни изненадувања. Вечер што ќе се памети, токму на Денот на вљубените.

 

Влезниците може да се набават преку бесплатната апликација eFinity и преку платформата Wayin.mk, и тоа по цени од 2000 денари за фан питот, 1200 за партерот, додека оние за трибините во зависност од местоположбата се движат од 1200 до 1800 денари. Влезниците во ВИП делот чинат 2500 денари.

Share
Scroll to Top