Славната актерка откри со кој актер била во љубовна врска

Славната актерка откри со кој актер била во љубовна врска

пред 8 часа

Конечно е потврдена гласина стара триесет години – ѕвездите Сара Џесика Паркер и Николас Кејџ биле во врска.

Популарната Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“, актерката Сара Џесика Паркер, во едно интервју откри дека била во врска со Николас Кејџ во времето кога ја снимале романтичната комедија „Меден месец во Вегас“ од 1992 година.

„Дали беше тогаш со Кејџ?“ ја праша водителот директно.

„Па, да, бев“, рече Сара, а потоа актерот проговори и откри зошто мисли дека нивната врска не успеала. Наводно, за сè била виновна на нејзината мајка.

„Не мислам дека го поминав тестот со мајка и. Се сеќавам дека вечеравме во Руската чајџилница, таа, нејзината мајка и јас. Не знам дали беше мојот кожен елек, кој сè уште го имам, или мојата инфекција на синусите, но таа не ми се јави оттогаш“, рече Кејџ.

Кејџ очигледно нема многу среќа во љубовта, со оглед на тоа што се женел пет пати и има три деца. Од друга страна, Сара Џесика Паркер е вљубена во Метју Бродерик од 1992 година, а се венчаа во 1997 година.

Share
Scroll to Top