Сликата од 1884 година, која беше украдена од музеј во Холандија во март 2020 година, беше пронајдена 3,5 години подоцна.
Сликата на Ван Гог, „Парохиската градина во Нуенен во пролет“, е вратена во музејот „Сингер“ во Ларен, Холандија, 3,5 години откако беше украдена.
Како што пренесува Би-би-си, 139-годишната слика му била предадена на уметничкиот детектив Артур Бренд.
Toj изјави дека по пребарувањето и преговорите со разбојникот ја извлекол сликата на Ван Гог и дека е вратена во музејот. Според него, лицето што му ја дало сликата не е вклучено во кражбата.
Нилс М, францускиот крадец што ја украде сликата, беше идентификуван преку ДНК на местото на настанот.
Додека крадецот беше осуден на осум години затвор во 2021 година, сликата на Ван Гог вредна милиони евра не беше пронајдена.