Со премиера на операта „Набуко“ ќе биде отворено 51. издание на „Мајски оперски вечери“

Со премиера на операта „Набуко“ ќе биде отворено 51. издание на „Мајски оперски вечери“

пред 1 година





Со премиерната изведба на „Набуко“ од Џузепе Верди во Националната опера и балет во Скопје на 9 мај, ќе биде отворено 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Оваа година фестивалот се вклопува со годишнината 2010 години од раѓањето на Џузепе Верди.

Фестивалскиот оган за време на свеченото отворање ќе го запали маестро Томислав Шопов и ќе следи премиерата на операта „Набуко“, а на 12 мај ќе се прикажува балетот „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски.

„Набуко“ последен пат била обновена на 25 февруари 2003 година. На редовниот репертоар последен пат била изведувана на 7-ми декември 2017 година. Поради преголемиот интерес на публиката, билетите за Набуко и балетот Лебедово езеро веќе се распродадени.

Фото: Фејсбук/Национална опера и балет





Share
Scroll to Top