Совети од Џорџо Армани за софистициран и елегантен изглед

Совети од Џорџо Армани за софистициран и елегантен изглед

пред 3 години

Џорџо Армани важи за еден од најдобрите модни дизајнери во светот, а неговиот бренд е синоним за луксуз и елеганција. Денес издвоивме 5 златни совети за мода од врвниот дизајнер, како просечната жена секогаш да изгледа врвно и со стил.

1. Црната и темно сива боја се поспецијални бои од останатите

Ако се придржувате кон овие 2 бои, тогаш имате целосна слободна да експериментирате со формите и текстурите. Дури и големината на чантата може да влије врз вашиот целокупен изглед. Колку е поголема чантата, толку послаби ќе изгледате. За пониските дами, дизајнерот препорачува да изберат средно голема чанта.

2. Квалитетни модни додатоци

Инвестирајте во квалитетни обувки, чанти, ремени и други модни додатоци. Облеката може да изгледа многу полуксузно доколку е искомбинирана со квалитетни модни додатоци, кои притоа може да траат долго време. Часовникот е нешто најважно, тој открива многу за една личност.

  

3. Вистинскиот парфем за вас

Пробајте неколку разни парфеми и меѓу големиот избор, пронајдете го за себе вистинскиот мирис. Правиот избор на квалитетен парфем може целосно да го промени впечатокот на луѓето за вас, бидејќи тоа е нешто што прво го забележуваат (чувствуваат). Дизајнерот открива дека негов парфем по кој луѓето го препознаваат е Acqua de Gio, од неговиот бренд, кој мириса многу свежо, лесно и елегантно.

4. Самодовербата носете ја насекаде со вас

Повеќето луѓе сметаат дека мора да носат лукузни парчиња за да изгледаат добро, всушност Армани открива дека најмоќното оружје кое не може никаде да го купите и најдобриот моден дадаток е вашата самодверба. Не излегувајте никаде без истата и секогаш носете ја со доза на елеганција.

5. Носете едноставна облека со висок квалитет

Најдобрата облека за просечната жена е онаа изработена од висококвалитетен материјал, но со многу едноставен дизајн. Истата со својата удобност се вклопува во секојдневието и прави една личност да изгледа софистицирано и елегантно во секое време.

Share
Scroll to Top