Софија Вергара направи журка во својот гардеробер со колегите од „Модерно семејство“

Софија Вергара направи журка во својот гардеробер со колегите од „Модерно семејство“

пред 2 години

Актерката Софија Вергара ги воодушеви следачите на Инстаграм кога сподели фотографии од својот плакар кој зафаќа цела просторија.

Во гардероберот во форма на соба таа има сè – од чевли, луксузни чанти, облека за црвен тепих до лежерни модни комбинации. На голем остров среде собата има врамени фотографии на Софија од младоста, а една таква е закачена на ѕидот.

Гости на Софија ѝ беа Џули Бовен и Џеси Тајлер Фергусон, колеги од ТВ-серијата „Модерно семејство“, како и сопругот на Фергусон, Џастин Микита.

„Попладне со моите најмили луѓе на светот, вратете се брзо, ми недостасувате,“ напиша Софија.

Тие се забавувале и се фотографирале во просторијата за облека, а Џастин позираше и со еден куп чевли на Софија.

Во коментарите на објавата на Софија се јави и колега од серијата.

„Барем еднаш уживав додека сум во плакар,“ коментираше Џеси под објавата на Софија. Со својот коментар насмеа илјадници луѓе и доби 28.000 лајкови.

За потсетување, Вергара неодамна се разведе од актерот Џо Манганиело.

Share
Scroll to Top