Софија Жирау е првиот модел на Викторија Сикрет со Даунов синдром

Софија Жирау е првиот модел на Викторија Сикрет со Даунов синдром

пред 3 години

Софија Жирау (24) од Порторико е првиот модел на познатиот бренд Викторија Сикрет која има Даунов синдром. Таа е една од 18-те лица кои учествува во последната капања на брендот насловена како „Love Cloud“, пренесуваат странските медиуми.

„Сонував за тоа, работев на тоа и денеска тој сон ми се оствари. Конечно со вас можам да ја споделам мојата голема тајна. Јас сум првиот модел на „Викторијас Сикрет“ со Даунов синдром“, напиша Софија на социјалните мрежи.

Целта на учесниците е да порачаат дека брендот е инклузивен, па со тоа да ги претстават новите производи преку различни типови жени – по возраст, боја на кожа, тело, но и со различна здравствена состојба, со цел секоја жена да може да се замисли во нивните производи.

Софија веќе неколку години се занимава со моделинг, а меѓу првите ангажмани ѝ е оној на Модната недела во Њујорк во 2020 година.

„Работата на модел во САД беше почеток на остварувањето на сонот кој го имав од мали нозе – да бидам главно лице на ревија на една од најважните модни писти на светот. За мене, најважно за остварувањето на моите соништа е да им покажам на другите дека границите не постојат. Сакам да ги инспирирам да ги следат сопствените соништа“, изјави таа во едно од своите интервјуа.

Share
Scroll to Top