Потребни состојки:
1страк праз
500гр спанаќ
5 јајца
1/3лажиче сол и црн бибер
250мл вода
100мл масло
Начин на подготовка:
Празот го миеме и сечкаме на мали парчиња. Спанаќот исто така. Ставаме масло во тавата. На оган го запржуваме ситно сечканиот праз, а потоа го додаваме и спанаќот. Зачинуваме со сол и црн бибер, а потоа додаваме вода. Оставаме да крчка на тивко. По 4-5 минути, го тргаме капакот и кршиме 5 јајца на разни делови од тавата, па покриваме повторно со капакот. Оставаме да се зготви, додека не се сварат јајцата и не испари водата.