Во мачната бракоразводна парница на Амбер Херд и Џони Деп прикажани се снимки заради кои можно е славниот актер да го ослободат од обвинувања.
Џони Деп вели дека новото сведочење на полициските службеници и досега необјавените снимки од нивните камери докажуваат дека Амбер Херд лаже во врска со тепачката, со која беше завршен нивниот 18 месечен брак.
Амбер и нејзините пријатели неколкупати сведочеа, кажувајќи дека Деп ѝ го фрлил телефонот во лице и ја искршил кујната во нивниот апартман во тек на кавгата во мај 2016 година. Но, адвокатите на актерот тврдат дека грозните сцени од оштетувања – вклучувајќи ги искршените лустери, стакло расфрлено по подот и црно вино разлеано по ѕидовите и теписите е во спротивност со она на коешто полицајците се сеќаваат.
Четири различни полицајци го посетиле станот во центарот во центарот на Лос Анџелес во рок од два часа откако пријателите на актерката два пати се јавиле во 911 (служба за помош). Првите двајца полицајци дале нови искази во текот на минатиот месец повторувајќи дека го прегледале станот вреден 1,5 милиони долари, но не виделе повреди, вандализам или докази за злосторство.
Сега за прв пат се објавени снимки од друга група полицајци кои ги имале вклучено камерите (кои ги носат на униформата) кога доцна вечерта влегле во некогашниот дом на Херд и Деп. На снимките се гледа уреден ходник кој води до елегантната кујна и дневна соба украсена со свежо цвеќе, многу книги, свеќи и свеќници. Изгледа дека полицајците не забележале ништо сомнително, а во видеозаписите од три и пол минути нема очигледни знаци на оштетување, неред или дамки од вино на подовите или теписите. Видеото е објавено на интернет на порталот „Дејли мејл“.
Адвокатот на Деп, Адам Валдман, вели дека снимките докажуваат дека немало никакви нереди и дека исказот на Амбер е лажен.
– Амбер Херд и нејзините пријатели го опишаа хаотичното, неуредно место на злосторот, но неодамна се објавени видеозаписи од полицијата, кои недвосмислено докажуваат дека апартманот е целосно неоштетен и дека нивното сведочење е уште една грандиозна лага – изјави Валдман.
Поранешниот партнер се подготвува за повторно соочување на суд во градот Ферфакс, Вирџинија, каде Деп ја тужи бившата сопруга за 50 милиони долари поради написот во „Вашингтон пост“ во кој 34-годишната актерка се претстави како жртва на семејно насилство.
Во написот Деп не беше споменат со име и презиме, но тврди дека поради навестувањето дека се работи за него, ја изгубил улогата на капетанот Џек Спероу.
Актерот се бори да си ја спаси репутацијата, откако британскиот висок суд минатата година ја отфрли посебната тужба за клевета поради напис во весникот „Сан“ од 2018 година, кој го означи како „насилник над жените“.
Судијката Џастис Никол пресуди дека описот „во суштина е вистинит“ и дека таткото на две деца, Деп, неколкупати ја нападнал Херд, поради што таа во три наврати се исплашила за животот.