Спортскиот центар „Ново Лисиче“ ќе го носи името на ракометарот Марко Божиновски

Спортскиот центар „Ново Лисиче“ ќе го носи името на ракометарот Марко Божиновски

пред 3 години

Синоќа советот на општина Аеродром  донесе одлука за преименување на спортскиот центар „Ново Лисиче“ во СЦ „Марко Божиновски“ во чест на македонскиот ракометен репрезентативец, кој ненадејно и прерано почина пред шест месеци на само 20-годишна возраст. Во објектот, познат и како „Дупка“, многу од сегашните и идните кошаркари и ракометари ги имаат направено токму таму своите први чекори.

Божиновски, кој играше за прволигашот Бутел, израсна во Аеродром и беше огромен навивач на МЗТ Скопје, поради што членовите на општинскиот совет одлучија да направат нешто со коее тој никогаш нема да биде заборавен.

На почетокот на јуни, тој почина во сон, само ва дена по последниот одигран натпревар во дресот на Бутел. Во својата кариера беше дел од кадетската репрезентација на Македонија која настапи на СП 2019, а играше и за младинскиот национален тим.

Share
Scroll to Top