Српската пејачка ја одби песната која сега е хит на Северина: Не можев да поднесам што песната не е моја

Српската пејачка ја одби песната која сега е хит на Северина: Не можев да поднесам што песната не е моја

пред 3 недели

Песната „Бред Пит“ сега е познат хит на Северина со кој пејачката често ги отвора своите концерти, но многумина не знаат дека таа песна прва ја добила српската пејачка Рада Манојловиќ.

Автори на песната се Милош Рогановиќ и Филип Милетиќ, а српската пејачка изјавила дека од неа побарале да ја сними таа песна, но таа на крајот одбила. Во интервју за српски медиум, Манојловиќ одговори на прашањето која песна не ја пее на своите настапи, а потоа призна дека се кае што го одбила хитот.

„Ако го кажам тоа, ќе испаднам суетна, но навистина бев. Има една песна што не ја пеев на настапи, тоа е „Бред Пит“. Иако беше мега хит и ми ја бараа, велев дека не ја знам, а јас бев првата што ја сними таа песна. Но, тоа беше повеќе од некои емотивни причини, не можев да поднесам што песната не е моја. Признавам“, изјави пејачката.

Хитот на Северина беше објавен во 2012 година и денес има 16 милиони прегледи на YouTube.

Share
Scroll to Top