Силвестер Сталоне е на одмор со 22 години помладата сопруга Џенифер Флавин. Двајцата се во Порто Черво, италијанско одморалиште во северна Сардинија. Папараците ги снимија додека се забавувале во базен. За момент Сталоне ја фати Џенифер за градите.
За потсетување, парот е во брак од 1997 година. Се венчаа во палатата Бленхајм во Англија, а на церемонијата присуствуваа само блиски членови на семејството и блиски пријатели. Имаат три ќерки – Скарлет (21), Систин (25) и Софија (27).
Минатата година Џенифер поднесе барање за развод, но потоа и двајцата објавија дека е во најдобар интерес е да ги решат сите прашања околу разводот на нивниот брак во достоинствена, пријателска и приватна, вонсудска спогодба.
Нивниот портпарол потоа рече дека ги решиле сите несогласувања. Рече дека двајцата разговарале и успеале да ги решат несогласувањата.