Српската стралета Тијана Маскимовиќ, позната како Тијана Ајфон, која пред осум месеци беше уапсена за организирање меѓународна проституција, ја призна вината и е осудена на една година затвор.
„Согласно договорот, обвинетата беше осудена на една година затвор. Предложената казна е во согласност со улогата и одговорноста на обвинетата при извршувањето на кривичното дело. Со склучување на договорот, обвинетата се одрекува од правото на судење и правото на жалба на пресудата што ѝ ја изрече Судот на БиХ врз основа на договорот“ – изјавил портпаролот на Обвинителството на БиХ, Борис Грубешиќ, известува Српскаинфо.
Судот на БиХ го прифатил предлогот на адвокатите, старлетата да добие поблага казна ако ја признае вината.
За потсетување, Тијана Ајфон беше уапсена лани во мај, кога беше утврдено дека нелегално влегла во БиХ, заедно со уште две девојки од Белград, кои ги подведувала да даваат сексуални услуги за пари на една приватна забава во околината на Бјелина.