Стефан Мелник победи во Државното првенство во шах за слепи и слабовидни лица

Стефан Мелник победи во Државното првенство во шах за слепи и слабовидни лица

пред 1 година

Петнаесет годишниот Стефан Мелник, член на Шаховскиот клуб „Алкалоид“, е победник на квалификациските турнири во финалето на Државното првенство во шах за слепи и слабовидни лица.

Стефан успешно го заокружи настапот на Државното првенство, кое беше организирано во Струга и кое заврши на 20 јули. Со сигурна игра низ квалификациите, Стефан се пласираше во финалето, откако на Градското првенство на Скопје го освои првото место со 4,5 поени во 5 партии.

Потоа настапи и на полуфиналниот турнир, каде повторно го освои првото место со 8 поени од 9 партии. Тој се пласираше на финалниот турнир во сениорска конкуренција, на кој учествуваат десетте најдобри слабовидни шахисти во државава, шесте најдобропласирани играчи од минатото првенство и четворица играчи преку квалификации.

Победник на финалниот турнир и шампион за 2023 година, со 7 поени од 9 партии, е Селковски Жарко, додека, пак, Стефан, со освоени 4,5 поени, се избори за шестото место, кое за идната година му обезбеди директен пласман на завршниот турнир.

„Задоволен сум од пласманот на шестото место за 2023 година, иако, искрено, посакував повеќе и мислам дека можев да бидам барем за некое место подобар. Сепак, во одредени партии направив мали грешки, за кои ќе се трудам во иднина да не ги повторам. Државното првенство за слепи и слабовидни лица е силен, респектабилен турнир и се надевам дека не само што во иднина ќе играм со најдобрите туку и дека ќе се наметнам кај селекторот ВМ Трајко Недев, бидејќи за мене тоа ќе биде остварување на сонот да играм за шаховската репрезентација на Македонија“, рече Стефан.

За потсетување, Стефан освои и седмо место на Државното јуниорско првенство во категоријата до 16 години.

Share
Scroll to Top