Стивен Сигал снима документарец за војната во Украина

Стивен Сигал снима документарец за војната во Украина

пред 2 години

Холивудскиот глумец Стивен Сигал снима документарец за војната во Украина. Рече дека го снима затоа што 99% од информациите за тоа што навистина се случува во земјата, доаѓаат од светски медиуми кои никогаш не ја ни посетиле земјата.

На прес конференција во Самара рече дека во документарецот ќе ги опфати настаните од специјалната воена операција и планира да докаже дека Русија не ја нападнала Украина, како што пишуваат другите земји, туку дека Путин се борел против нацизмот.

„Во моментов се подготвува документарен филм за настаните во Украина. Мислам дека е важно да му се покаже на светот вистината за тоа што навистина се случи таму. Слично се има случено и во други земји, меѓу кои и земји претставници на НАТО и на САД. Тоа не е окупација како што велат“, рече Сигал.

Глумецот рече дека посетил повеќе жаришта во областите каде се водат специјални воени операции и се сретнал со голем број руски војници. Разговарал и со украинските.

Тој тврди дека 99% од информациите за тоа што се случува во Украина доаѓаат од странски медиуми кои никогаш не ја ни посетиле Украина. Рече дека најголемиот дел од овие лажни информации доаѓаат од центри лоцирани во САД, поради што светот не знае што е вистина.

Пред 9 месеци, Денис Пушилин, водачот на делот од регионот Доњецк, го најави филмот на Сигал за настаните во Донбас. Лидерот на ДПР му посака многу среќа бидејќи смета дека менувањето на ставот на јавноста кон оваа војна не е лесна задача, а ги потврди и разговорите на Сигал со воените заробеници во центарот на Јеленовка.

Една од официјалните руски пропагандни причини за започнување на инвазијата беше желбата да се деназифицира Украина. Сигал рече дека бил изненаден затоа што Украинците со кои разговарал му рекле дека во Украина нема нацисти.

Прес-службата на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР) претходно објави дека Сигал го посетил Донбас заедно со партискиот лидер Леонид Слаки, кој е и претседател на меѓународниот комитет на руската Државна дума Долниот дом на парламентот.

За потсетување Сигал беше ѕвезда на американските акциони филмови во 1980-тите и 1990-тите. Додека кариерата му беше во опаѓање, полека се зближи со авторитарни лидери, меѓу кои и Владимир Путин.

Во 2016 година Путин му подари руски пасош иако Сигал го задржа и американското државјанство. По добивањето државјанство, Украина му забрани влез во земјата поради ескалацијата на немирите во источна Украина.

Во 2018 година, беше назначен за специјален пратеник за подобрување на врските меѓу САД и Јапонија. Руското Министерство за надворешни работи рече дека задачата на Сигал ќе биде да ги олесни односите меѓу Русија и САД на хуманитарно поле, вклучително и во културата, уметноста и младинската размена.

Сигал се приклучи на националистичката партија во 2021 година, а на крајот на февруари 2023 година, Путин му подари Орден за пријателство за неговиот голем придонес во развојот на меѓународната култура и хуманитарната соработка.

Ова е наведено во документ објавен на официјалната веб-страна на руската влада. Минатиот октомври, за 70-тиот роденден на Путин, Сигал сними и видео со порака за поддршка на рускиот претседател, кого го нарече еден од најголемите државници во светот.

„Искрено се надевам и се молам да ја добие поддршката, љубовта и почитта кои му се потребни. И дека сите сегашни неволји наскоро ќе завршат, дека ќе живееме во свет во кој ќе владее мирот“, рече Сигал.

Share
Scroll to Top