Единствената македонска спортистка која настапи на Параолимпијадата во Токио, Оливера Наковска Бикова, се пласираше на 26 место во дисциплината Малокалибарски пиштол слободен избор на 50 метри. Таа освои 509 кругови.
Ова беше последен настап на Оливера на Параолимписките игри, откако го освои деветтото место во дисциплината П3-Спорт пиштол 25 метри, а во првиот настап беше шестопласирана во дисциплината П2-воздушен пиштол-жени 10 метри.
Параолимпијадата во Токио завршува во недела, на 5 септември.