Студентки во Нигерија биле проверувани дали носат градник пред да полагаат испит

Студентки во Нигерија биле проверувани дали носат градник пред да полагаат испит

пред 14 часа

Универитет во Нигерија предизвика големи критики кога беше објавено видео на кое се гледа како на ученичките им ги проверуваат градниците пред да им биде дозволено да полагаат, јавува Би-би-си.

Членовите на персоналот на Универзитетот Олабиси Онабањо во југозападната држава Огун проверувале дали студентките носат градници додека чекале во ред да влезат во салата каде што се одржувал испитот, според видеото. Критичарите ја осудија политиката како застарена и сексистичка, споредувајќи ја со сексуален напад.

Официјален претставник на Мрежата за човекови права изјави за Би-Би-Си дека студентките би можеле да го тужат универзитетот за кршење на нивните права.

„Неоправданото допирање на туѓо тело е кршење на правата и може да резултира со правна постапка. Универзитетот згреши што го усвои тој метод за да го спречи несоодветното облекување“, рече Харуна Ајаги.

Студентка која не сакала да биде именувана изјави за Би-Би-Си дека универзитетот вовел строг морален кодекс и покрај тоа што не е религиозна институција. Рекла дека постојано проверува како се облечени.

Универзитетот немаше коментар, но претседателот на студентскиот сојуз Муиц Олатуњи на X објави дека универзитетот сака да обезбеди „атмосфера на почит, охрабрувајќи ги студентите да се облекуваат скромно и во согласност со вредностите на институцијат“. Тој, сепак, призна дека политиката треба да се спроведува на поинаков начин.

Share
Scroll to Top