Судија осуден на затвор, фаворизирал еден од тимовите на фудбалски меч

Судија осуден на затвор, фаворизирал еден од тимовите на фудбалски меч

пред 3 години

Високиот суд во Нови Сад го осуди фудбалскиот судија Срѓан Обрадовиќ од Јагодина, на 15 месеци затворска казна, заради фаворизирање на домашниот тим на мечот меѓу Спартак и Раднички од Ниш.

Посебното одделение за спречување на корупција во судот во Нови Сад, му забрани на Обрадовиќ да се занимава со судење во наредните десет години.

Ова е првостепена пресуда на која и обвинителството и одбраната имаат право да вложат жалба до Апелациониот суд. Обрадовиќ се теретел дека на фудбалскиот натпревар во Суботица, меѓу Спартак и Раднички од Ниш, ја искористил својата службена положба и го фаворизирал домашниот тим и така го ставил во поповолна положба во однос на противникот, во меч кој требало да одлучи за влез во европските натпреварувања.

Обрадовиќ, според спортските медиуми, пресудил еден скандалозен пенал од двата за Спартак.

Share
Scroll to Top