Судијка на шведскиот Врховен суд била фатена како краде шунка и колбаси

Судијка на шведскиот Врховен суд била фатена како краде шунка и колбаси

пред 3 години

Шеесет и седум годишната судијка на шведскиот Врховен суд, Ан Кристин  Линденблад била фатенка како краде шунка и колбаси, пренсе британски „Гардијан“.

Вработените во една од месарите во центарот на Стокхлом ја виделе како заедно со шунката и ќофтињата, се обидела да ги сокрие колбасите и сирењето во кеса, покривајќи ги со друга кеса, пишува правниот весник „Дагенс Јуридик“.

„Ѝ дадов парична казна за ситна кражба“, рече главниот државен обвинител Пер Николс за „Франс-прес“. Линденблад две децении работела како судија, а откако излегоа извештаите дека е под истрага во февруари таа си поднесе оставка.

Судијата признал дека околностите на настанот се вистинити, но негирал дека се работи за намерна кражба на храна.Таа е казнета со 50.000 шведски круни, околу 4.750 евра.

Share
Scroll to Top