Деновиве беше одржано судско рочиште во кое беше доделен имотот на починатиот фолк-пејач Шабан Шаулиќ. Целиот имот и беше доделен на неговата сопруга Гордана, додека децата Михајло и Илда се откажале во корист на нивната мајка.
Вонбрачниот син на Шабан, Роберт, не добил ништо и веројатно нема нема ни да ги бара своите права на суд, откри нивен близок извор.
„Уште додека беше жив, Шабан рече дека Гоца е главната кога станува збор за сите финансиите и документите. Тој се погрижи за децата на време. Тие имаат свои куќи, работни места. Гоца е таа која плаќаше даноци, сметки, ја водеше кариерата на Шабан преку нејзината компанија, така што нема простор за сомнежи. Ги имаше и сите авторски права“, рече изворот.
За потсетување, Шабан почина пред две години во сообраќајка во Германија.